
Компании кои го користат Working Hours










Working Hours - целосен преглед на работно време на сите локации

Android и iOS мобилни апликации
Вработените преку мобилна апликација скенираат QR код поставен на контролна точка, преку кој се евидентира почеток и крај на работното време. Софтверот овозможува дополнителна евиденција и на активност на далечна локација или работа од дома.

Едноставна веб апликација
Централизирано софтверско решение кое обезбедува администрација и конфигурација на системот, генерирање на прегледи на активности и различни настани. Евиденција на една или повеќе влезно-излезни точки, за една или повеќе локации.

Лесна имплементација
Решението се имплементира за помалку од една работна недела. Нема дополнителни инвестиции во специјална опрема, читачи, картички, мрежна опрема и слично.

Компатибилно со законски регулативи
Сите компании со над 25 вработени имаат законска обврска за следење на работното време. Working Hours генерира извештаи компатибилни на законските побарувања, кои брзо се експортираат во Ексел формат.
1. Бизнис Анализа
Дефинирање на одговорно лице - администратор
Дефинирање на влезни порти, одделенија, смени и сл.
Временска рамка - 2 работни дена
2. Подготовка
Креирање на кориснички профили
Внес на податоци и проверка на форми на извештаи
Временска рамка - 4 работни дена
3. Имплементација и Go Live
Обука за корисници и администратори на системот
Записник за финален прием и старт на работа
Временска рамка - 2 работни дена
4. Техничка поддршка
Достапност од 08:00 до 16:00 за одржување на системот
Константни надградби и мониторинг на Working Hours
Владимир Југовски
Оперативен Менаџер
Како задоволен корисник на апликацијата Working Hours, можам да кажам дека таа значително нѝ ја олесни евиденцијата на работното време во Messer Vardar Tehnogas.
Особено ја цениме можноста за следење на работното време во оддалечените објекти, штo беше предизвик пред да ја користиме оваа апликација.
Марија Ковачи
Менаџер за човечки ресурси
На брз и ефикасен начин ја имплементиравме во сите подружници на Де-та Дејан - Sara Fashion.
Working Hours е многу едноставна за користење и деталните извештаи кои ги генерираме ни овозможуваат брз и концизен преглед на сите податоци со кои располагаме.
Пецо Тауловски
VP of Operations
Working Hours значително придонесува за зголемување на транспарентноста во евидентирањето на работните часови, овозможувајќи точен преглед на присуствата, отсуствата и прекувремената работа во Vertical Dynamix Inc.

Во своето 30-годишно постоење, Duna имплементираше технички решенија кај повеќе од 5000 компании во Македонија и странство. Како една од најпрепознатливите компании во Македонија, имаме стекнато репутација на искучително доверлив партнер, подготвен да излезе во пресрет за потребите на сите наши клиенти. Доказ за тоа е референтната листа на клиенти со кои соработуваме, а дел од нив се:
Претседател на Република Македонија
Собрание на Република Македонија
Влада на Република Македонија
Министерствата за одбрана, економија, дигитална транформација на Република Македонија
Македонска академија на науки и уметности - МАНУ
Царинска управа
Агенција за национална безбедност
Национална опера и балет
Стопанска комора
Комора на проценители
Факултет за физичка кулутра
Градежен институт
Амбасадите на САД, Италија, Австрија, Словенија
Делегација на ЕУ во Македонија
УНДП
ОБСЕ
УНИЦЕФ
Стопанска банка
Тиквеш
Алкалоид
Wizz Air
DRAXLMAIER Македонија
Адиент
Bayer
TAВ Аеродроми
ЕСМ
Млекара Битола
Суташ млекара
Еуротабак
Макстил
Фершпед
Working Hours e комплетно дигитално решение кое го заменува традиционалното пријавување со картичка на влезно-излезни точки на едно работно место. Наместо поставување на комплексни системи и сетирање на картички или тагови, секој вработен инсталира апликација преку која на влез и излез едноставно скенира QR код што потоа се внесува во централизираниот систем на работа.
Според Законот за работни односи, сите компании над 25 вработени имаат законска обврска за следење на работното време на вработените. Working Hours овозможува експорт на извештаи кои се компатибилни на законските побарувања и може да се приложат во случај на инспекција. Системот е креиран за да ги заштини и вработените и работодавците, што ја прави манипулацијата на работните часови практично невозможна.
Системот за евиденција на работно време – Working Hours, генерира повеќе типови на извештаи кои на одговорните лица им овозможуваат увид за почеток и крај на работното време на вработените, сумарни прегледи со вкупен број на часови, доцнење, прекувремени часови, пауза, службен или приватен излез. Извештаите се генерираат за вработен, вработени во едно одделение или за цела компанија и со еден клик се сетира работа од дома или работа во движење (старт/завршување на смена на далечна локација).
Имплементацијата и инсталацијата на софтверот се бесплатни, како и првиот месец на користење на апликацијата. Потоа важат цените:
Месечен надомест за компании до 50 вработени - 3.100 денари без ДДВ
Месечен надомест за компании до 150 вработени - 6.200 денари без ДДВ
Месечен надомест за компании над 150 вработени - 9.300 денари без ДДВ
Office:
Skupi 57a, 1000 Skopje, North Macedonia
Call 070-222-796
Email: [email protected]
Webite: www.workinghours.mk
